Бурлески: Полицијата среде меч влетала во терен и го уапсила стрелецот на – победничкиот гол (ВИДЕО)
Тој влезе од клупата при резултат 3-1 за гостите, а постигна гол во 72. минута за голем пресврт и водство од 4-3 за домашниот состав. Полицијата, неочекувано, влетала во теренот и го уапсила стрелецот на победничкиот погодок, поради што средбата била прекината. Клубот веднаш објавил соопштение и открил за што се работи.
„Баглан Драгонс се свесни за видео кое кружи на социјалните мрежи на кое се гледа инцидент во кој е вмешан еден од нашите играчи за време на натпреварот во сабота. Сакаме да потврдиме дека тој беше приведен во 85. минута бидејќи бил осомничен за кражба. Но, може да потврдиме и тој беше ослободен од полицијата на Јужен Велс неколку часа подоцна без обвинение или дополнителни дејствија. Сега го сметаме предметот затворен и нема да имаме дополнителни коментари“, се наведува во соопштението.