Рафиња посрамоти навивач: Ти си грд и со пари! (ФОТО)

Ѕвездата на Барселона, Рафињо често добива критики од навивачите на социјалните мрежи, но очигледно му „пукна филмот“, па реши да им одговори.

Еден од навивачите коментирал на фотографија на Рафиња и неговата девојка Наталија Родригез Белоли, но набрзо пристигна одговор од фудбалерот на каталонскиот гигант.

„Моќта на парите, не сум грд, само немам пари“, напишал навивачот и со тоа сакал да алудира дека Наталија е во врска со фудбалерот поради пари.

„Грд си и со пари“, одговори Рафиња по претходниот коментар на навивачот и го посрамоти на социјалните мрежи.