Ѓорческа и Тајхман се пласираа во четвртфинале на турнирот во Љубљана
Првиот сет го одбележаа по неколку брејка на двете страни, но во тај-брејкот поуспешни беа Ѓорческа и Тајхман со 7-5.
Третите носителки на турнирот целосно се распаднаа во вториот сет, а тоа го искористија Ѓорческа и нејзината колешка за да слават со 6-0.