Евроголот на Барди во конкуренција за најубав во второто коло од Лигата на нации (ВИДЕО)
Се разбира, во конкуренција е и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој постигна еврогол во дуелот со Ерменија, совладувајќи го Чанчаревиќ од слободен удар од над 20 метри.
Противкандидати на Барди се Поулсен од Данска кој погоди со „ножички“ против Србија, Бенјамин Шешко од Словенија кој по „слалом“ ја затресе мрежата на Казахстан и бомбата на Ѓорги Кочорашвили од Грузија за победа против Албанија.