Италијанска доминација: Синер сега има двојно повеќе бодови од Ѓоковиќ

Јаник Синер денеска ја почнува својата 14. недела како лидер на АТП листата откако синоќа триумфираше на УС Опен, а како што стојат работите, извесно е дека ќе ја заврши годината на првото место.

Скок на листата направи Александер Зверев кој сега е второпласиран, но разликата меѓу него и Синер изнесува 4.105 бода. Уште поинтересно е тоа што италијанскиот тенисер сега има двојно повеќе бодови од Ѓоковиќ, а разликата меѓу нив двајца многу се зголеми на УС Опен бидејќи Синер освои 1.820, а Србинот изгуби 1.900 бода. Не е исклучено првиот светски рекет уште повеќе да му избега на Ѓоковиќ до крајот на сезоната затоа што српскиот тенисер брани уште 2.300 бода.

 

 

Во топ-10 сега е Тејлор Фриц кој се искачи пет места и се најде на седмата позиција, благодарение на пласманот во финалето на УС Опен.