Леброн: Ако ме паметат само по кошарката, тоа значи дека не сум успеал!

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс кажа дека не сака луѓето да го паметат само по неговите настапи на кошаркарските терени, туку  сака да го запаметат и по други работи надвор од спортот.

Џејмс смета дека има поважни работи од кошаркарата, а тоа е семејството.

„Размислувам како ќе ме паметат луѓето. Ако е само по кошарката, тогаш не сум успеал. Сè што правам за мојата заедница, каков човек сум со сопругата и какви деца пораснав, тоа ми е најважно. Ако луѓето не зборуваат за тие работи, освен кошарката, тогаш мојата мисија е неуспешна“, кажа Џејмс.