Специјален дрес за Ристовски за 150 одиграни натпревари за Динамо (ФОТО)
Искусниот бек не беше во составот поради повреда што ја доживеа на дуелот против Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите, но тој меч во вторникот беше негов 150. за Динамо, па клубот одлучи да го одбележи на специјален начин.
Ристовски доби дрес со бројот 150, а Динамо преку социјалните мрежи му посака брзо заздравување и враќање во тимот.