Гостински триумф на Брегалница, Победа му даде пет гола на Борец
Брегалница која има амбиции за експресно враќање меѓу најдобрите, со две победи од две кола ја почна сезоната.
Штипјани денеска беа подобри од Новаци победувајќи го со 2-0 на негов терен.
Најубедлива беше Победа која со 5-0 го растури Борец кој оваа сезона се врати во втората лига, но се чини дека ќе води борба за опстанок во ова друштво.
Во најефикасниот натпревар денеска, Арсими со 4-2 славеше на гостувањето кај Охрид. Гостински триумф забележаа и Кожуф кој со 3-1 победи кај Вардарски, како и Детонит кој со 2-0 ја совлада Саса во Каменица.
Вардар Неготино и Беласица одиграа 2-2, нерешено заврши и дуелот меѓу Осогово и Скопје, во Кочани беше 1-1.
Утре од 16 часот се игра дуелот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров, последен меч од ова коло.
Резултати 2. коло:
Саса - Детонит 0-2
Новаци - Брегалница 0-2
Охрид - Арсими 2-4
Осогово - Скопје 1-1
Победа - Борец 5-0
Вардар Неготино - Беласица 2-2
Вардарски - Кожуф 1-3
Утре 16 часот
Башкими - Македонија ЃП