Атлетико не му верува на Челси, ќе чека прво сините да го потпишат Феликс, па тие да го комплетираат Галагер
Првичниот бизнис план на Атлетико Мадрид и Челси беше англискиот клуб да потпише со Саму Омородион, а Шпанците да го земат Конор Галагер.
Но, откако Омородион ги помина медицинските прегледи, Челси одлучи да не потпише со напаѓачот. Тогаш и Атлетико одлучи да не го потпише Галагер кој исто така ги имаше поминато медицинските тестови.
Галагер се врати во Лондон, а Челси му порача на Атлетико Мадрид дека ќе го купат Жоао Феликс кој исто така беше на листата за продавање.
Конечно се е договорено, но Атлетико Мадрид е решен да почека прво Челси да го потпише Жоао Феликс, па потоа тие да го комплетираат трансферот на Конор Галагер. Шпанскиот клуб не сака ново непријатно изненадување од сините.