И во третото коло од ПМФЛ ќе има меч во вечерен термин
Овојпат Брера во Струмица од 20 часот во недела ќе ја пречека екипата на Шкендија.
Струмичкиот тим и во првото коло играше во вечерен термин, тогаш со 3-1 го совлада Вардар.
Во изминатото коло Вардар и Пелистер го играа дербито под рефлектори.
Останатите натпревари од третото коло се играат во термин од 16 часот, а се среќаваат: Шкупи - Вардар, Работнички - Струга, Беса - Тиквеш, Пелистер - Силекс и Воска - Гостивар.