Мбапе веќе дебитира за Реал Мадрид, но уште се „тепа“ со ПСЖ за – 55 милиони евра
Францускиот репрезентативец има побарување во износ од 55 милиони евра, кои тимот од Париз му ги должи, поради што веќе ги известил челниците на Лига 1 и УЕФА за својот проблем. ПСЖ доколку одбие да го исплати долгот би можел да се соочи со голема казна.
Лига 1 има моќ да му забрани на ПСЖ да прави трансфери додека не му ги врати парите на Мбапе, а УЕФа да им ја одземе лиценцата на „светците“ за настап во европските натпреварувања.