Швајцарската репрезентација остана без првиот голман - се пензионира на 36-годишна возраст
На него Швајцарија стигна до четвртфиналето, а токму 36-годишниот голман имаше голем придонес за тоа. Во репрезентативна пензија тој заминува со 94 настапи и 12-годишен стаж во националниот тим.
„По внимателна анализа, одлучив да ја завршам кариерата како голман на швајцарската репрезентација. Голема чест и задоволство беше да ја претставувам мојата земја претходните 12 години, а во иднина целото мое внимание ќе биде насочено кон Интер“, објави, меѓу другото, Зомер на социјалните мрежи.