Челси го продаде 29 милиони евра, а тој им понижи играчи од 237 милиони евра (ФОТО)

Во првото коло од Премиер лигата видовме дерби во кое шампионот Манчестер Сити се сретна со екипата на Челси, а на крајот „граѓаните“ славеа победа од 2-0.

Победата за избраниците на Пеп Гвардиола ја обезбедија Ерлинг Халанд и Матео Ковачиќ кој постигнаа по еден гол во двете полувремиња. Хрватскиот фудбалер мрежата ја затресе во 84. минута, а во таа ситуација ги издрибла Мисес Каиседо и Енцо Фернандез.

Оваа ситуација привлече внимание и се коментираше на социјалните мрежи бидејќи станува збор за двајца фудбалери на кои Челси потроши 237 милиони евра. Каиседо беше платен 116 милиони евра на Брајтон, а Фернандез 121 на Бенфика.

Од друга страна Ковачиќ „сините“ го пуштија да замине во Сити за 29 милиони евра.