Ѓоковиќ ќе игра егзибициски меч на 120 километри од Македонија

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ќе игра егзибициски меч на 17 септември против Бугаринот Григор Димитров во Софија.

Бугарскиот тенисер го најави мечот против Ѓоковиќ, кој ќе служи за поддршка на Фондацијата „Григор Димитров“, а ќе се игра на „Арена Софија“ чиј капацитет е 15.000 гледачи.

„Подгответе се за спектакл. Придружете ни се во незаборавна вечер на врвниот тенис со цел да се поддржи Фондацијата. Ајде да направиме да биде ноќ за паметење“, објави Димитров.

Ѓоковиќ и Димитров досега одиграа 13 меча, а во моментов води Србинот со 12-1.