Германија немаше сила за изненадување, Франција си закажа меч против Белгија

Француските кошаркарки триумфираа со 84-71 против Германија во четвртфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Германија даде отпор во првата четвртина, но Франција ја презема контролата и до полувреме создаде водство од 45-33.

Франција беше одлична и во вториот дел и не ѝ дозволи на Германија посериозно да се приближи, а со тоа обезбеди пласман во полуфинале каде ќе игра против Белгија.

Марина Јоханес беше најефикасна со 24 поени кај Франција, додека Ниара Сабали постигна 20 поени за Германија.