Пелистер го врати Тунижанецот кој си замина пред една сезона

Oд редовите на Пелистер утрово го потврдија враќањето на Тунижанецот, Усама Хосни.

Се уште се свежи сеќавањата бидејќи Хосни го носеше дресот на битолскиот состав во сезоната 2022/2023.

Хосни во Битола се враќа по епизодата во Кувајт каде што не се задржа долго. Во кариерата досега освојуваше злато, сребро и бронза на Африканското првенство со Тунис, а голем дел од клупската кариера помина во Франција.