Бастианини најбрз на спринт трката во Британија, Бањаја излета од патеката

Мотоциклистот на Дукати, Енеа Бастианини прв ја мина целта на спринтот за Големата награда на Британија која се возеше на патеката Силверстоун, лидерот Франческо Бањаја испадна на шест круга до крајот.

Бастианини победи на трката во Британија, асот на Прамак, Хорхе Мартин го освои второто место, а подиумот го комплетираше Алес Еспаргаро од Априлија.

Франческо Бањаја излета од патеката на шест круга до крајот, а тоа значеше дека Мартин со победа може да избие на првото место во генералниот пласман.

Сепак, тоа не се случи бидејќи клупскиот колега на Бањаја, Бастианини успеа да дојде до првата спринтерска победа во кариерата.

Главната трка е закажана за утре (недела) од 14 часот.