Српски џудист збесна по поразот - со најгнасни пцовки удри по судиите!

Српскиот џудист Немања Мајдов го привлече вниманието на светската јавност откако по својот пораз во четвртфиналето од олимпискиот турнир, во категоријата до 90 килограми изнесе најгнасни навреди кон официјалните лица.

Мајдов загуби од Гркот, Теодорис Целидис со 0-10 по црвениот картон кој му беше доделен на 10 секунди пред крајот. Од бес се расплака, а неколку часа подоцна почна со навредите.

„Сатанистички ѓубриња, семето судиско да им се затруе. Ме дисквалификуваа по две минути и не ми дадоа шанса да покажам што било. Тоа ли ви се тие вредности и тој спорт и Олимписки игри, ѓубриња обични? Тоа ви е се, ќе се врати секоја солза, го*на сатанистички.

Само така можете да ме запрете, клошари. Џудото е уништен и измо*ан спорт, 100% судиска контрола за исходот на мечот. Поминува оној кој сака да се наведне и поклони. Е, тоа од мене нема да го дочекате никогаш, таков медал не ми треба, ѓубриња несреќни.

И вие новинари, не сум изгубил, никој не ме поразил, тоа е малку тешко да се изведе, туку ме дисквалификуваа за три казни кои ги измислија. Во овој спорт не освојуваат најдобрите, сатанистите не дозволуваат, им се мо*ам за се. За понатаму не знам, додека се овие нивни правила, јас немам и не сакам да трошам време и толкава жртва за овој спорт бидејќи нема никаква смисла“, рече Мајдов.

Полоши навреди кон официјални лица на големи натпреварувања веројатно имаше само сонародникот на Мајдов, Дарко Миличиќ, на Европското првенство што во 2007 година се одржа во Шпанија.