Големото засилување на Јунајтед ќе паузира - три месеци!
Јоро беше најавен како големо засилување на „ѓаволите“, но младиот фудбалер ќе го пропушти стартот на сезоната, односно ќе паузира дури три месеци што е голем проблем за тренерот Ерик Тен Хаг.
Дефанзивецот требаше да биде замена за Рафаел Варан кој замина од „Олд Трафорд“, па останува да видиме дали Тен Хаг ќе се реши да бара ново решение во одбраната.