Шредер беше незапирлив, Германија му одржа лекција на Бразил

Германските кошаркари го остварија вториот триумф на Олимписките игри во Париз, откако вечерва го надиграа Бразил со 86-73.

Бразил во првата четвртина беше очаен на паркетот и постигна само 10 поени, но потоа се разбуди до крајот на првото полувреме и израмни на 40-40.

Германија во вториот дел го засили темпото и во третата четвртина направи разлика од девет поени (60-51), по што Бразилците не можеа да се вратат во игра до крајот на мечот.

Шредер постигна 20 поени, три скокови и пет асистенции за Германија, додека Сантош запиша 18 поени, четири скокови и осум асистенции за Бразил.