Македонски репрезентативец ја напушти Ерменија за да игра во – турската втора лига!
Станува збор за 32-годишно лево крило, со искуство од голем број првенства ширум Европа. Ашковски во Македонија настапуваше само во дресот на Шкендија и тоа како позајмен играч од Партизан. Беше член и на грчка Ламија, го носеше дресот на Сепси и на Ботошани во Романија, беше и во Бугарија како член на Славија Софија, во Полска настапуваше за Горњик, а има иускуство од Холандија (Фортуна Ситард), нанижа неколку клубови во Србија (Партизан, Нови Пазар, Напредак Крушевац, Доњи Срем), а играше и во норвешки Штромгодсет.
Во македонскиот репрезентативен дрес дебитира во 2015 година и оттогаш собра 28 настапи без ниту еден постигнат гол.