Вардар закажа силни контролки: Ќе игра против Ристовски и Адеми, но и против екс-премиерлигаш!

Попладнево од редовите на Вардар преку официјалната страна на клубот потврдија два пријателски натпревари кои црвено-црните ќе ги одиграат во текот на подготовките.

Вардар закажа два силни теста против хрватскиот гигант Динамо Загреб и поранешниот премиерлигаш Свонси.

Натпреварот против Динамо Загреб Вардар ќе го игра на 23. јули на „Максимир“ од 19:00 часот и овој натпревар ќе има посебна важнност затоа што ќе се игра на 77. роденден на Вардар.

Четири дена подоцна Вардар во Австрија ќе се соочи со Свонси и тој дуел е во терминот од 12:00 часот. Натпреварот ,FC Pinggau Friedberg” стадионот.