Перез потпиша нов договор, но би можел да замине од Ред Бул

Мексиканскиот возач Серхио Перез има очајни резултати во Формула 1, па наскоро би можел да го загуби своето место во Ред Бул, иако потпиша договор до 2026 година со екипата.

Перез последната победа ја запиша во 2023 година, а оваа сезона еднаш заврши втор, додека двапати беше третопласиран, но на последните пет трки освои само 11 бодови.

По лошите резултати почнаа шпекулациите дека Перез ќе замине од Ред Бул, затоа што наводно во новиот договор имал одредени клаузули.

Ред Бул можел предвреме да му го прекине договорот на Перез ако Мексиканецот освои двојно помалку бодови од Макс Ферстапен.