Барселона сака да купи двајца Шпанци за 118 милиони евра

Каталонскиот гигант Барселона планира во следниот период да ангажира неколку засилувања, а целиот фокус е насочен кон шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс.

Вилијамс сака да се пресели во Барселона, а екипата бара начин како да ја исплати откупната клаузула од 58 милиони евра.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Барселона сака уште еден Шпанец, а тоа е Дани Олмо кој има откупна клаузула од 60 милиони евра.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веќе активно работи да пронајде пари со цел да ги реализира двата трансфери во текот на летниот проден рок.