На Синер му се слоши за време на меч, лекарите веднаш го пратија во соблекувална (ФОТО)
На најдобриот во светот во еден момент му се слоши, поради што побара помош од лекар, кои веднаш му ја измерија сатурацијата односно процентот на кислород во неговите бели дробови од што сфатија дека нешто не е во ред со него. Присутните на трибините, но и гледачите крај малите екрани можеа да го видат стравот на лицето на Синер, а дека ситуацијата беше сериозна доказ е и фактот што лекарите без размислување го испратија во соблекувалната каде му укажаа помош.
Италијанскиот тенисер по медицинскиот тајм-аут успеа да се соземе и по скоро 15 минути да се врати на теренот за да продолжи да го игра дуелот против Русинот во кој го доби првиот сет (7-6), ги загуби следните два (4-6, 6-7), но експресно се врати и се избори за петти сет (6-2).