Ѓоковиќ изгуби сет, но обезбеди осминафинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и со пресврт славеше против Алексеј Попирин за осминафинале на Вимблдон.

Изгуби сет Ѓоковиќ, но сепак дојде до победа од 3:1 во сетови и закажа пресметка со Холгер Руне кој ќе биде негов најголем предизвик досега на турнирот.

Попирин го изненади Ѓоковиќ и тргна одлично во мечот освојувајќи го првиот сет со 1:0. Сепак, Ѓоковиќ не дозволи тоа да му направи проблеми, па во продолжение заигра на високо ниво и со 3:1 дојде до победата.

Во одлучувачкиот четврти сет гледавме и тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7:3. 

Место во осминафиналето обезбедија исто така и Данил Медведев и Тејлор Фриц.