Американец кој играл за Њукасл ќе ја организира играта на Работнички!

Екипата на Работнички продолжува со ангажирањето на странски кошаркари во пресрет на новата сезона, откако неколку дена по потпишувањето на Михаило Јовичиќ (Србија) го ангажираа и американскиот интернационалец Весли Персон јуниор (28 год, 191 см).

Станува збор за искусен бек, кој пет години наназад настапува за тимови надвор од САД, а прва станица му беше италијанскиот второлигаш Росето. Потоа беше дел од унгарските Корменд и Седек и англиски Њукасл, а во „Градски Парк“ доаѓа по сезона мината во дресот на фински Корихаит.

Новото засилување на Работнички е попознат како син на поранешната НБА-ѕвезда, Весли Персон сениор, кој 11 години настапуваше во најсилната лига на светот и тоа за екипите на Феникс, Кливленд, Мемфис, Портланд, Атланта, Мајами и Денвер.