„Роналдо е фудбалска легенда, но Португалија испадна од ЕП поради него!“

Португалија загуби на пенали од Франција со 3-5 во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), по што пристигнаа критики на сметка на Кристијано Роналдо.

Роналдо го заврши турнирот без постигнат гол од игра и со една асистенција, иако имаше 23 удари кон противничкиот гол, а за тоа зборуваше и новинарот Даниел Риоло кој има над 600.000 фанови на социјалните мрежи.

„Португалија има одлични играчи, но ме изненади што не ги подобри резултатите. Роналдо е фудбалска легенда, мора да го почитувате, но сега ја спречи Португалија да оди понатаму на турнирот“, вели Риоло.

Роналдо пред мечот со Франција кажа дека ова ќе му биде последен настап на голем турнир со Португалија.