Руските и белоруските тенисери мораат да потпишат декларација за неутралност за да играат на Вимблдон

Сите руски и белоруски тенисери кои сакаат да настапат на претстојното издание на Вимблдон, мораат да потпишат декларации за неутралност бидејќи во спротивно, учеството ќе им биде забрането.

Нешто слично се случи и лани, но тенисерите од овие две држави се под постојан притисок откако во 2022 година почна руската агресија врз Украина. Таа 2022 воопшто не им беше дозволено учество од организаторот, па АТП и ВТА како одговор на тоа, одлучија освоените бодови од Вимблдон да не се сметаат при пласманот на листите.

На 31 март оваа година, на Русите и Белорусите, сепак, има беше дозволено да играат, но јасно е дека покрај нивните имиња нема да стојат знамињата на државите од каде доаѓаат. Вимблдон оваа сезона ќе се одржи од 1 до 14 јули.