Унгарците објавија нови детали за состојбата на Варга (ВИДЕО)

Навивачите на Унгарија останаа во шок кога во 68. минута Барнабас Варга падна на теренот, по што мораа да интервенираат медицинските екипи кои потоа итно го префрлија фудбалерот во болница.

Фудбалскиот сојуз на Унгарија соопшти нови детали за состојбата на Варга и тоа се охрабрувачки вести по победата против Шкотска (1-0).

„Состојбата на Варга е стабилна. Фудбалерот е во болница во Штутгарт. За сè останато навремено ќе ја известиме јавноста“, соопштија Унгарците.