Руд ван Нистелрој пред кам-бек во Јунајтед!?

Легендарниот холандски напаѓач и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед би можел да се врати на Олд Трафорд, но сега во друга улога.

Познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо објави дека раководството на „црвените ѓаволи“ испратиле понуда да биде дел од стручниот штаб на Ерик Тен Хаг. Одлуката се очекува претстојната недела, со оглед на тоа што Ван Нистелрој е сериозен кандидат за менаџерската позиција во Барнли, на местото на заминатиот Венсан Компани.

Ван Нистелрој беше играч на Манчестер Јунајтед од 2001 до 2006 година и во тој период постигна 95 гола за овој тим во Премиер лигата.