Капитенот на Реал Мадрид се сели во С. Арабија (ФОТО)

Реал Мадрид ќе остане без еден од капитените, откако 34-годишниот Начо Фернандез си договори трансфер во Саудиска Арабија.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Начо ќе потпише двегодишен договор со Ал Кадсија и ќе биде промовиран во новиот тим по завршување на Европското првенство.

„Кралевите“ поради Начо ќе тргнат во потрага по нов дефанзивец, а на листата со желби е младиот Лени Јоро.