Нова „бомба“ од Сплит: Џеко доаѓа во Хајдук!?
Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ разговарал со Един Џеко и се обидува да го убеди босанскиот напаѓач да се пресели во Сплит.
Џеко има договор на уште една сезона со Фенербахче, но хрватските медуми пишуваат дека Калиниќ и во следниот период ќе има неколку состаноци со напаѓачот.
Хајдук долго време чека на нова титула во хрватскиот шампионат, па се надева дека со неколку искусни фудбалери би можел да се врати на тронот.