Хрватите ја извисија Македонија, a ги избраа Словенија, Австрија и Унгарија
Наспроти најавите и нашите желби, ко-домаќинот на шампионатот Хрватска не ја избра Македонија во еден од своите градови организатори, па можно е нашата репрезентација да игра во Данска или Норвешка. Хрватите се одлучија во групата Ц во Пореч да ја сместат Австрија, во групата Д во Вараждин - Унгарија, а во групата Ц во Загреб - Австрија. Тие самите ќе бидат во групата Х која, исто така, ќе се игра во главниот град.
И во ваков случај, не е исклучено Македонија, сепак, да падне во една од групите чии натпревари ќе се играат во Хрватска бидејќи четири од осум групи се во оваа држава. Норвешка и Данска ќе бидат домаќини на по две групи.
Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 29 мај од 19:30 часот во Загреб. Македонија е сместена во третиот шешир, заедно со Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир. Светското првенство е на програмата од 14 јануари до 2 февруари 2024 година во Хрватска, Норвешка и Данска.