Требаше да биде иднина на Барса, а Чави не сака да го види во тимот
Место тоа, 19-годишниот фудбалер речиси да не заигра во својот нов клуб. Настапи на едвај 11 натпревари (сите во Ла Лига), но само два пати беше стартер и на теренот помина 276 минути, притоа постигнувајќи два гола. Јасно беше дека, со оглед на тоа што е многу млад, ќе му биде потребен период на адаптација, но никој не претпоставуваше дека Чави нема да го сака во тимот.
Шпанските медиуми денеска пишуваат дека иднината на Роке во Барселона е неизвесна и дека речиси сигурно идната сезона нема да биде во екипата. Од клубот инсистираат да не биде во тимот со тоа што сметаат дека е подобро да оди на позајмица, но менаџерот на Роке не сака да слушне за тоа и бара ако веќе не сметаат на него, да биде продаден.
Нејасно е во случај на заминување на Роке, кои би биле напаѓачките опции во Барселона, особено ако се знае дека Чави не е задоволен ни од Феран Торес кој не е класичен шпиц, но има чувство за гол.