Дебакл на „коцкестите“: Данска ѝ го нанесе на Хрватска најтешкиот пораз во историјата
На пријателскиот турнир во Осло, некогашниот олимписки шампион загуби од Данска со 22-37 со што го израмни највисокиот пораз во својата историја. Со 15 разлика, Хрватите губеа на Европското првенство во 1998 од Русија (14-29) и во пријателски меч со Словенија во 2016 (17-32).
Точно е дека селекторот Дагур Сигурдсон направи многу измени во пресрет на турнирот и не поведе со себе некои од најдобрите ракометари, со цел да испроба некои нови варијатни и млади играчи, но очигледно дека селекторот на вроди со плод. Во првото полувреме од дуелот со Данска, Хрватска постигна само шест гола (6-16), а во второто само беше комплетиран дебаклот.
Данска на овој турнир одигра нерешено со Норвешка (36-36) и ја победи Хрватска, додека „коцкестите“ загубија од Данска и Норвешка, а ја победија Аргентина.