
Астон вила чекори кон ЛШ, Кристал Палас го „разнесе“ Вест хем
Борнмут постигна гол преку Соланке за водство од 1-0, а тоа го налути тимот од Бирмингем кој нападна со сите сили кон противничкиот гол.
Роџерс во првата минута од судиското надополнување на првиот дел погоди за 1-1, а потоа во второто полувреме стрелаа Диаби и Бејли за славје од 3-1.
Астон вила е на четвртата позиција со 66 бодови, односно шест повеќе од Тотнем кој има одиграно два меча помалку.
Кристал Палас по само 31 минута ја најави победата против Вест хем, откако во листата со стрелци се запишаа Олисе, Езе, Емерсон и Матета.
Вест хем намали преку Антонио на 1-4, но на почетокот на второто полувреме Матета погоди за 5-1, по што Мичел пред истекот на регуларните 90 минути со автогол ги постави конечните 2-5.