ЕХФ не попушта – и вторпат го суспендираше Драган Начевски!
Тој пред една година ја доби истата казна, но сметаше дека е невин бидејќи и самите предводници на европскиот ракомет велеа дека нема докази против него, поради што се жалеше до Апелацискиот суд кој му го усвои барањето и ја врати постапката на почеток. И покрај тоа, луѓето од ЕХФ покажаа решителност да се пресметаат со Македонецот, па денеска повторно го суспендирале на две години. Неговата суспензија почнува од 12 април, а од неа ќе бидат одземени два месеци.
Начевски истовремено поради непријавување обид за поткуп е казнет и со 5.000 евра. Тој повторно има право на жалба до Апелација и тоа во рок од седум дена.