Евертон се спаси од пораз на гости кај Њукасл
Исак му донесе водсство на Њукасл во 15. минута од средбата, а во вториот дел Брн постигна нов гол за домаќинот, но истиот беше поништен од ВАР-технологијата.
Евертон си обезбеди бод на гостувањето со погодок дури во 88. минута кога Калверт-Луин погоди од пенал.
Њукасл има 44 бодови на осмата позиција, додека Евертон е на 16. место со 26 бода.
Во вториот меч кој се играше во истиот термин, Нотингем Форест славеше со 3-1 против Фулам.