ФФМ се „пофали“: Судиите беа перфектни на стартот од третиот круг во Првата лига!

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска потенцира дека „луѓето во црно“ немале ниту една грешка на средбите од 23. коло од Првата лига, кое беше прво од третиот круг од домашното првенство.

Тие потенцираа дека имало пет спорни ситуации на две од шесте средби, во кои судиите постапиле правилно односно имале исправна проценка. Четири од нив биле на пресметката помеѓу Струга ТЛ и Брера (3-1) и тоа при еден досуден и еден недосуден пенал за домашниот тим, како и поништен гол за оваа екипа поради офсајд при водство од 3-0. Делителите на правдата правилно го признале и голот на струмичани, иако стружани сметале дека стрелецот бил во недозволена ситуација.

Петтата спорна ситуација од 23. рунда се случила на пресметката помеѓу Шкендија и Воска (0-0) и тоа за исправно досуден пенал за соствот од Тетово во 78. минута, кој Чинари потоа го промаши.

На останатите средби немало ништо спорно. Целата судиска анализа прочитајте ја ТУКА.