Херона пред отказ, се знае неговиот наследник!?
Одговорноста за тоа, по се изгледа, ќе падне врз селекторот Тони Херона кој ја загуби довербата кај ракометните власти, но и кај ракометната јавност кај нашиот северен сосед. Од тие причини, сериозно се размислува за раскин на соработката со него и тоа во моментов иако договорот меѓу двете страни важи до јуни годинава.
Српските медиуми тврдат дека одлуката за отказ на Херона е донесена уште пред почетокот на првенството и со неа биле запознати дел од ракометарите.
Најсериозен кандидат за негов наследник е поранешниот српски репрезентативец Даниел Анѓелковиќ кој во моментов е тренер на Тулуз.