„Трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус беше голема грешка“
Португалецот во 2018 година сензационално го напушти Реал и се пресели во Јувентус, но не го оствари она што се очекуваше од него - да ја освои титулата во Лигата на шампионите која „бјанконерите“ ја чекаат од 1996 година. Секако дека Роналдо сам не е виновен за тоа, но со оглед на тоа што имаше годишна плата од 31 милион евра, а ниеден друг фудбалер во Серија А не ја надмина сумата од 9 милиони, најголем дел од критиките одат на негова сметка.
„Доведувањето на Роналдо не ги даде очекуваните резултати. Да речеме дека неговиот придонес не одговараше на големите очекувања кои ги имавме пред неговото доаѓање“, рече Марота.
Во трите сезони со Роналдо во тимот, Јувентус само еднаш ја помина осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, а во последната сезона „бјанконерите“ ја зваршија својата доминација во Серија А по девет титули во низа и го освоија четвртото место.