Ѓоковиќ убедливо најмногу заработи годинава, во која има најмногу – милионери!

Новак Ѓоковиќ и Ига Швјонтек заработија најмногу минатата сезона од сите тенисер(к)и во поединечна машка и женска конкуренција.

Светскиот рекет број еден собра 15,95 милиони долари во сезоната во која освои три гренслем-титули, играше во финалето на Вимблдон и победи на АТП финалето во Торино. Веднаш зад Србинот на листата за заработка е второпласираниот на АТП листата, Шпанецот Карлос Алкарас, со заработка од 10,75 милиони долари, а зад него се Данил Медведев, Јаник Синер и Андреј Рубљев.

Полјачката Свјонтек, пак, заработи 9,86 милиони долари со шест освоени титули, втора според заработувачката е Арина Сабаленка со 9,19 милиони долари, а зад неа се Коко Гоф, Џесика Пегула и Јелена Рибакина, кои се единствени од останатите кои заработиле повеќе од пет милиони долари.

Статистичарите пресметале дека годинава дури 111 тенисер(к)и заработиле над милион долари, што е најголема бројка „милионери“ во една сезона.