Алкалоид против Ла Риоха ја затвора дебитантската сезона во Европа
Вечерашниот натпревар за Алкалоид ќе биде и последен во деби сезоната на европската сцена со оглед на тоа што се загубени шансите за првите две позиции кои водат во следната фаза.
Алкалоид против Ла Риоха го освои единствениот бод досега, па момците на Кире Лазаров во шпанскиот клуб гледаат шанса и за првата историска победа во Европа.
На хартија Ла Риоха е фаворит, тие покрај ремито со Алкалоид имаат и гостинска победа кај Војводина. Триумфот во Нови Сад кажува дека шпанскиот тим игра одлично на гостувањата.
Натпреварот ќе се игра во вторник во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18:45 часот. Билети за натпреварот, по цена од 100 и 150 денари ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс.