Себаљос се пошегува: Дијаз ме спаси, инаку немаше да играм два месеци!

Реал Мадрид славеше со 3-2 против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), а по натпреварот Дани Себаљос имаше порака до Брахим Дијаз.

Себаљос направи голема грешка и му подари пенал на премиерлигашот за водство од 2-1, по што беше заменет, но набрзо Дијаз стрелаше за 2-2, по што Белингам погоди за конечни 3-2.

По натпреварот, Себаљос се пошегува на социјалните мрежи и му се заблагодари на Дијаз што постигнал гол и го спасил да не седи на клупата во следните два месеци, како казна поради грешката.