
„Ѓоковиќ ни стави лисици, нè мачеше и ни ги корнеше ноктите“
Хрватот објасни дека не е лесно да се работи со Ѓоковиќ, посебно кога е нервозен, а притоа се пошегува со новинарите.
„Ѓоковиќ можам да го опишам како директор на корпорација. Успесите го издвојуваат, но тој зависи од профитот. Како што загубите влијаат врз корпорацијата, така влијаат и врз него. Ако му паѓа вредноста, тогаш се нервира. Не е лесно со него. Три дена нè држеше со лисици, нè мачеше и ни ги корнеше ноктите. Има и други работи кои не смеам да ги кажам“, се пошегува Иванишевиќ.