
Де Лаурентис лут по поразот од Интер: Ова е грабеж!
Де Лаурентис му забранил на тренерот Валтер Мацари да излезе пред новинарите, по што испрати кратка порака за судењето на мечот.
„Се чувствуваме ограбено. Тоа може да се каже по ваков натпревар. Судијата Давиде Маса немаше своја ноќ. Направи големи грешки на наша штета. Тоа влијаеше врз резултатот“, кажа првиот човек на клубот од Неапол.