„Јокиќ е неверојатен, пие по шест пива дневно и пак е најдобар!“
За Јокиќ е познато дека сака да ужива, а според изјавата на Портер Јуниор, Србинот секој ден пиел по шест пива дневно и тоа не влијаело на неговите настапи.
„Јокиќ е неверојатен. Како е можно да станеш МВП и следната сезона да си уште подобар? Зборував со него и ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија“, вели Портер.