Фемили удри по Антиќ: Докажаниот циган стана - турбофолк хулиган (ФОТО)

Македонската кошарка има голем број недостатоци, а првенството е сè послабо и тоа го покажуваат резултатите на тимовите од државава против ривали од странство, додека никој од фотелјашите не презема нешто за да се крене спортот на повисоко ниво. Ова предизвика незадоволство кај навивачката група Фемили Аеродром која испрати порака до претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Фемили Аеродром порача дека лигата е неатрактивна, салите се празни и а квалитетот на домашните и странските кошаркари е не незавидно ниво. Тие истакнаа и транспарент на кој пишуваше „Гробарот на македонската кошарка и докажан циган, кариерата ја продолжува како турбофолк хулиган“.

„Последниве неколку години кошарката во Македонија оди во надолна линија. Но во овој момент дното е пробиено и кошарката никогаш не била послаба! Лигата е неатрактивна, салите се празни и забраните за гостински навивачи од секакви клубови се стандардна приказна. Квалитетот на домашните и странските играчи е на незавидно ниво, а, со исклучок на пар играчи, немаме ни интернационалци кои играат надвор од нашите граници. Младинските категодии се неперспективни, додека сениорската репрезентација е можеби на најниско ниво од осамостојување. Спонзори во клубовите скоро и да нема, па затоа сите живеат на грбот на општините/градовите и од државните ваучери. Немаме ниту клубови кои играат во добри интернационални натпреварувања, а тие што се обидуваат да излезат од границите, доживуваат дебакл од екипи кои доаѓаат од држави каде до пред некоја година не ни имаше кошарка. Оваа парола, иако е вперена директно, сепак не е ништо лично. Таа е само отсликување на реалност, каде изминативе години наместо да се засукаат ракавите, да се направи детална анализа, и да почне да се работи за подоброто за кошарката, а и општо спортот во Македонија, со конкретни проекти, некој од удобната фотеља има попаметна работа и се објаснува по социјални медиуми за трач муабети“, порачаа преку социјалните мрежи.