„Потешко ми падна загубената титула, отколку борбата со ракот“
Дортмунд во последното коло ремизираше 2-2 против Мајнц и така ја загуби титулата, а тоа тешко му падна на Себастија Але, кој на натпреварот промаши две добри шанси.
Неговата приказна е неверојатна затоа што пропушти голем дел од сезоната затоа што му беше откриен рак на тестисите, по што замина на операција, а потоа на рехабилитација.
„Потешко ми падна загубената титула, отколку борбата со ракот. Ако сте болни, не може ништо да направите со тоа. Мора да ја прифатите ситуацијата и да продолжите понатаму. Од друга страна, титулата ја имавме во свои раце и сами ја прокоцкавме“, кажа Але.